Александар Диневски, некогашен разузнувач, познат по случајот „Шпион“, беше гостин во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТБ“ каде говореше за бруталната репресија на „груевизмот“ и аферата Шпион, и судството како продолжена рака на тогашната Влада.
-Аферата Шпион ја потресе македонската јавност. Со спектакуларни апсења, акции, со специјалци, хермелини… Беа апсени луѓе од разни структури, разни економски и политички провиненции и тоа дел од таа стратегија, која што јас ја нарекувам „Македонска катинска шума“ во која беше ликвидирано сè што имаше некакво значење за Македонија. Имено така ја нареков, затоа што, ако се сеќавате Сталин во одреден момент уништи сè што претставуваше цвет на полска интелигенција. Беа ликвидирани професори, верски работници, офицери, разузнавачи. Груба е споредбата, но во целиот процес го гледате во целина, па и процесот на лустрација погледнете који сè луѓе се најдоа на удар на тој груевизам. Таа најава беше со отвореното писмо во 2009 каде што стои дека „на страна што ги победивме на изборите тие треба да исчезнат, бидејќи сè уште постојат“, истакна Диневски.