91
Полицијата објави детали за несреќата во која вчера животот го загуби пратеникот од редовите на СДСМ, Миле Андонов.
Според информациите од МВР, тој загинал на лице место при пад од кровот на својата викенд куќа на планината Осогово, каде што извршувал градежен зафат.
Лекар од Итната медицинска помош Кочани констатирал смрт, а по насоки на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.
Андонов беше дипломиран економист, а во три мандати, во периодот од 2008 до 2016 година беше дел од пратеничката група на СДСМ.