576
Поранешниот пратеник на ХДЗ, бронзен олимписки шампион во бокс и поранешен претседател на автоклубот Сигет – Дамир Шкаро, Жупанискиот суд Великогорица го осуди на две и пол години затвор за силување и сексуално вознемирување на вработена во автоклубот.
Покрај затворската казна, Шкаро ќе треба да плати и 3.787 евра судски и вештачења, а во казната е вклучено и времето поминато во притвор од почетокот на септември до крајот на октомври 2019 година.
Шкаро се бранеше од обвинувањата откако беше ослободен на 24 октомври 2019 година од истражниот затвор во кој беше од септември поради ризик да влијае врз сведоци и да го повтори делото. Тој беше уапсен во септември истата година на граничниот премин со Босна и Херцеговина.