Екс началникот на кабинетот на претседателот Володимир Зеленски е осомничен од украинските власти во голема истрага за корупција, пишува „Гардијан“.
Минатата година имаше широка истрага меѓу политичарите што го натера поранешниот врвен советник и десна рака на Зеленски, Андриј Јермак, да поднесе оставка.
Во соопштението од вчера, украинските антикорупциски агенции изјавија дека поранешниот шеф на кабинетот на претседателот на Украина е меѓу осомничените за учество во криминална група што испрала околу 10,5 милиони долари преку елитен станбен комплекс надвор од главниот град Киев.
Агенциите не го именуваа осомничениот, во согласност со украинскиот закон, но полициски извор запознаен со случајот потврди за „Киев индепендент“ дека станува збор за Андриј Јермак.
Случајот е дел од поширока истрага за корупција на високо ниво, првпат откриена минатиот ноември, кога поранешен деловен партнер на Зеленски беше обвинет за водење шема за мито од 100 милиони долари во државната атомска агенција.