СДСМ: Мицкоски клечеше и молеше за власт, а денес ја држи Македонија на колена – тој не сака во ЕУ

by irena 08:54
08:54

Уште 19 дена до рокот кој ќе потврди неисполнување на реформите од Владата на Мицкоски. Додека Тимчо Муцунски тврди дека владата постигнала конкретни резултати во спроведувањето на Реформската агенда реалноста е сосема поинаква, се вели во соопштението од СДСМ.

Велат „Нема реформи, нема резултати, нема напредок. Единствено што гледаат граѓаните се секојдневни конфликти и нови изговори за неисполнување на реофрмите. Бидејќи нема никакви реформи, Христијан Мицкоски повторно ја активира добро познатата стратегија за мачкање очи на јавноста и дефокусирање од сопствениот неуспех“.

„Намерно ги заострува односите со Бугарија, создава нови тензии и конфликти, наместо да гради позиции за напредок на државата и продолжување на европскиот пат. Паралелно ја напаѓа СДСМ и шири лажни обвинувања дека некој друг е виновен за тоа што Владата не спроведува реформи. Но самиот Мицкоски призна дека за реформите не му е потребна опозицијата. Тој постојано се фали дека има апсолутно мнозинство во Собранието. Истото тоа мнозинство без консензус ја укина техничката влада. Со истото тоа мнозинство може да ги донесе и сите закони и реформи ако навистина сака“ велат од СДСМ.

Од опозициската партија велат дека „СДСМ му треба само како алиби за сопствениот неуспех и за фактот дека Владата не ги исполнува условите за продолжување на европскиот пат и отворање на поглавјата. Тоа е вистината која Мицкоски се обидува да ја сокрие зад нови лаги и конфликти. Како што ги лажеше граѓаните дека ќе го укине Преспанскиот договор без последици, дека ќе го врати името, дека македонскиот идентитет бил загрозен, така и денес повторно лаже за реформите и европската иднина на државата“.

„Тогаш клечеше и молеше за власт, а денес ја држи Македонија на колена. Мицкоски не сака Европска Унија, за да продолжат криминалните тендери без контрола и без одговорност, тоа е суштината. Затоа нема реформи и затоа со оваа криминална власт нема членство во ЕУ, македонските граѓаните се заложници на интересите на една криминална група ВМРО“ се вели во соопштението.

Слични вести