2
Поранешниот хрватски министер за здравство Вили Берош, кој е во истражен затвор поради аферата „Микроскопи“, побара од претседателот на хрватскиот Сабор активација на својот пратенички мандат, но истовремено и негово замрзнување од лични причини.
Ова го потврди претседателот на Комисијата за мандатно-имунитетни прашања (МИП), Роберт Јанковиќ.
– Со барањето за замрзнување, тој нема да има активен мандат и нема да биде потребно да му се одзема пратеничкиот имунитет, објасни Јанковиќ.
Мандатот автоматски стапува во сила осум дена од поднесувањето на барањето, но соодветната комисија ќе го разгледува ова прашање на седница, која најверојатно ќе се одржи на 2 декември, додека гласањето е планирано за 6 декември.