627
Поранешниот градоначалник на Тетово, Сади Беџети порача дека својата работа во општината ја вршел чесно и вчерашната изјава на актуелниот прв човек на општината, Биљал Касами ја нарече клевета и невистина.
Беџети додаде дека Финансиската полиција не ја истражува работата од времето кога тој бил на чело на општината.
Тој во изјава за ТВ 21 го повика Касами јавно да се извини, бидејќи во спротивно, како што најави, ќе го тужи за клевета.