Екс градоначалник (66) завел 16-годишна девојка, а потоа се оженил со неа

by Fokus

Кауани Роди, 17-годишна манекенка и поранешна победничка на детски натпревари за убавина, се најде во центарот на вниманието кога минатата година се омажи за 66-годишниот бразилски политичар Хишам Хусеин Дехаини.

Во времето кога се венчаа, Хисам беше градоначалник на бразилската општина Араукарија, а Кауани имаше само 16 години и сè уште посетува средно училиште, кое сè уште го нема завршено.

Нивната врска не е нелегална, бидејќи бразилскиот закон им дозволува на мажите и жените да се венчаат на 16-годишна возраст, иако за тоа е потребно одобрение од двајцата родители или нивните законски старатели.

Сепак, разликата во годините сепак предизвикува неверојатно внимание и изненадување, а многумина се љубоморни на поранешниот политичар кој заведе девојка која би можела да му биде внука.

Тинејџерката очигледно е свесна дека нејзиниот брак не е одобрен во јавноста, но се чини дека тоа воопшто не и пречи и редовно споделува заеднички фотографии со својот сопруг, кој е речиси половина век постар.

Двојката се запозна на социјален собир, откако Кауани се пласираше на второто место на изборот за Мис Араукарија во 2022 година во категоријата за девојчиња на возраст од 15 до 17 години. Набрзо откако се запознале се венчале, а за поранешниот градоначалник ова е четврти брак.

Сопружниците исто така придонесоа за контроверзноста бидејќи Марилена Роди, мајката на оваа млада Бразилка, беше унапредена на повисока позиција само еден ден по нивната венчавка.

Така таа беше назначена за секретар за култура на регионот Араукарија. Се шпекулира дека и сестрата на Марилена, Елизанџела, ја добила функцијата градски комесар со помош на господинот Дехаини.

Поврзани новости