Македонија вечерва го игра најважниот натпревар во нашата спортска историја – дуел против Португалија за учество на СП 2022 во Катар.
Некогашниот репрезентативен голман, Јане Николоски за „Фокус“ смета дека нашата селекција има шанси, после шокантната победа над Италија.
„После мечот со Италија, шансата за успех на македонската селекција порасна значително. Многу ми се допаѓа што нашиот менталитет е сменет и играчите се полни со самодоверба. Португалија во секој случај е фаворит и лудост е да ја нападнеме од почеток“, вели Николоски.
Враќањето на Елмас и Костадинов во нашата селекција е одлична вест за селекторот Милевски кој ќе има можност да ротира во почетниот состав. Каде да ја бараме нашата шанса?
„Нашите шанси треба да ги бараме преку брзи контра-напади и внимателно да чекаме на своја прилика. Верувам дека стручниот тим на Милевски ќе направи добра анализа на Португалија, на сите нејзини страни и дека уште еднаш ќе ја изненадиме фудбалска Европа“, порача Николоски.
Фото – емисија Полн погодок
Јорданчо Цветаноски