817
Екс директорот на УБК, Владимир Атанасовски, кој е еден од обвинетите во случајот „Организаторите на 27 април“, како сведок во судот побара да се појави поранешниот републички јавен обвинител Марко Зврлевски.
Зврлевски за време на упадот во Собранието пред 4 години беше на чело на Обвинителството.
Тој е еден од петте сведоци што ги предложи Атанасовски, а откако ќе ги изведе и своите материјални докази предметот ќе влезе во завршна фаза, односно сите обвинети ќе треба да дадат одбрана, да има дополнение на доказната постапка и завршни зборови.