Екс-директорка на студентски дом од Прилеп заработи кривична пријава

by fokus

59-годишна жена од Прилеп заработи кривична пријава , поради злоупотреба на службена положба и овластување, додека била директорка на студентски дом „Орде Чопела“- Прилеп, пренесува МВР.

„Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп поднесе кривична пријава против В.Р.(59) од Прилеп за сторено кривично дело ,,злоупотреба на службената положба и овластување“.  Во текот на 2012 година пријавената, како директор на државен студентски дом ,,Орде Чопела“ – Прилеп, без да објави оглас за доделување на договор за јавна набавка на електронскиот систем за јавна набавка на Бирото за јавни набавки, извршила јавна набавка на стоки и услуги за одржување и реконструкција на простории во студентскиот дом, со што овозможила четири правни лица да се стекнат со протвправна имотна корист од вкупно 990.381 денари.

Поврзани новости