47-годишен жител на Демир Хисар заработи кривична пријава, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба“. Имено, по напуштање на позицијата, си зем преносен компјутер и таблет, при што истите не ги вратил во училиштето.
„Надворешната канцеларија за криминалистички работи Демир Хисар поднесе кривична пријава против Г.К.(47) од Демир Хисар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба”. Во периодот од 01.08.2016 до денот на поднесување на пријавата, пријавениот по напуштањето на позицијата директор на ЦОУ „Гоце Делчев” во Демир Хисар не ги вратил преносниот компјутер и таблет, кои биле во сопственост на наведеното училиште, со што се стекнал со противправна имотна корист од 40.342 денари“, соопштува МВР.