Екс-директор на училиште во Кичево доби кривична пријава бидејќи ја злоупотребил службената положба

by fokus

Некогашен директор на средно училиште во Кичево заработи кривична пријава поради „злоупотреа на службената положба и овластување“.

„Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против Н.Б.(42) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. Тој, во текот на 2017 и 2018 година, како директор на општинското средно училиште „ДРИТА“ во Кичево , на професорите Г.Ф. и Д.Ј. не им ги откажал договорите за вработување без отказен рок поради кршење на работниот ред и дисциплината со неоправдано отсуство од работа подолго од три последователни работни дена. Со тоа, пријавениот, на професорите им овозможил стекнување со противправна имотна корист“, велат од МВР.

Поврзани новости