„Кога ние дадовме оставки како директори, како ВМРО-ДПМНЕ кога се разделивме од концептот т.е. новиот концепт на градоначалничката која што излезе од договорениот концепт со ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата на сметката имаше околу 500 милиони денари, во септември 2022 година за после за само од пола година сметката има 56 милиони денари.
И кои што според нашите информации се блокирани односно одземени од сметката, а другите чекаат за да дополнително се приберат и за да се наплатат“, тврди Бојан Христовски, претседател на Градски Комитет на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој посочи дека тоа што Градот Скопје нема пари се должи на лошото менаџирање односно игнорирањето на секојдневни проблеми со кои што се соочува Градот и јавните претпријатија, и граѓаните во градот. И поради тоа Градот е доведен во незавидна ситуација.