Екс бугарски воен аташе во Лондон и Вашингтон е приведен за шпионажа во корист на Русија

by fokus

Резервниот бригаден генерал Валентин Цанков е приведен од бугарските власти под сомнение дека шпионирал за Русија. Како што јави дописникот на МИА од Софија, Цанков работел заедно со советникот во политичкиот оддел на руската амбасада во Бугарија.

За прикривање на шпионажата биле користени тајни состаноци, преносни мемориски картички, уреди за шифрирање и шифра за кодирање на комуникацијата меѓу рускиот дипломат и Цанков.

Валентин Цанков бил бугарско воено аташе во Вашингтон и Лондон, советник во НАТО и советник на министерот за одбрана. Пред да се пензионира, тој раководел со клучни директорати во бугарското Министерство за одбрана, каде ги одржувал своите врски и собирал посебни информации за активностите на ЕУ и НАТО.

Тој беше експерт за национална безбедност во невладиниот Центар за одбранбени и безбедносни студии. Исто така, учествуваше и во иницијативниот совет за номинација на Моја Манолова за градоначалник на Софија за време на локалните избори во 2019 година

Поврзани новости