586
Некогашниот амбасадор Ристо Никовски, за референдумските резултати вели дека очекувал таков исход и според него, резултатот од референдумот е сериозна шлаканица за сегашната владејачка гарнитура.
„Јас мислам дека резултатите беа очекува во најголем дел, бидејќи немаше теоретска шанса дека ќе има излезност од 900 илјади. Излезноста е над моите очекувања, а под очекувањата на власта. Мислам дека ваквиот епилог е сериозна шлаканица за организаторите и за тие што го форсираат Договорот со Грција“, истакна Никовски на емисијата „Отворено“ на АЛФА ТВ.