Поранешниот амабсадор на Македонија во Бугарија, Игор Есмеров, вчера пријавил во полиција дека претходната вечер бил нападнат во кафе бар во Скопје. Како што рекол Есмеров, нападот бил поради неговиот став за референдумот.
Од полицијата информираат дека нападот се случил околу 00.15 часот на полноќ.
„Додека бил со негов пријател му се прибилижил Ј.Л.(33) од Скопје со кој се познаваат од претходно и му упатил вербални закани во врска со гласањето на референдумот, а во еден момент го удрил со тупаница, по што пријавителот за кратко паднал во безсознание. Преземени се мерки и активности за расчистување на случајот и против Ј.Л. е поднесен соодветен поднесок“, велат од МВР.
Зад нападот стои Јовица Латиновски, кој е син на поранешниот градоначалник во Бутел, Петре Латиновски, исто така од ВМРО-ДПМНЕ.