Економските мерки за заштита на стандардот даваат резултат, инфлацијата се намалува, порачаа од СДСМ

by Fokus

Економските мерки и политики на владата предводена од СДСМ даваат резултати, кои ги чувствуваат сите граѓани. Инфлацијата континуирано се намалува, велат од владејачката партија.

„Стапката на инфлација во октовмри се намали на 3,5 проценти и е речиси преполовена во однос со претходниот месец, кога растот на трошоците за живот беше 6,6 отсто.

Инфлацијата е намалена за 5,5 пати, во споредба со октомври минатата година кога изнесуваше 19,8 отсто. За заштита на стандардот на граѓаните, наскоро треба да биде проширена мерката за „гарантирана цена“, а дополнително на намалување на цените ќе влијае донесувањето на предложениот закон за нефер трговски пракитки“ се вели во партиското соопштение.

Од партијата порачаа дека ќе продолжат да носат мерки во интерес на граѓаните и заштита на животниот стандард.

Поврзани новости