Економски совет: Во моментов е најважна финансиската поддршка на здравството

by Fokus

Најважниот фокус во моментов за справување со коронавирусот треба да биде финансиската поддршка на здравствениот систем за да се превенираат последиците по јавното здравје и да не се случи подраматично влијание и штети во економскиот и финансискиот сектор.

Ова е заклучокот од денешниот состанок на Економскиот совет чие одржување го иницираше премиерот Оливер Спасовски.

Освен претседателот на Владата и неговиот економски тим, на состанокот учествуваа претседателот на МАНУ, Таки Фити, академик Абдулменаф Беџети, советникот во Стопанската комора Зоран Јовановски, поранешните министри за економија Фатмир Бесими и Трајко Славевски, Гордана Димитриеска Кочоска, Никола Поповски, Ванчо Узунов, Светозар Јаневски, Павле Гацов, Борче Треневски, Марјан Петревски, Андреја Јосифовски, Виктор Мизо, Драган Тевдовски, Предраг Трпевски, како и претставниците на стопанските комори Даниела Арсовска, Бранко Азески, Анета Пешева и Неби Хоџа.

Како што соопшти владината прес-служба, премиерот Спасовски во завршниот дел од состанокот се заблагодари за укажувањата, насоките и препораките и рече дека Владата ќе биде целосно посветена да ги прифати и примени најсоодветните мерки за заштита на здравјето и безбедноста на граѓаните, како и за условите за одржување на економијата во оваа ситуација.

Економскиот совет е ад-хок тело од кое треба да произлегуваат насоки и препораки за справување со последиците по економијата, стопанството и финансискиот сектор од коронавирусот. Во Економскиот совет учествуваат претставници на МАНУ, на претставници на универзитетските заедници, на деловната заедница, како и претставници стопанските комори и на опозицијата.

Поврзани новости