Економската директорка на Клиниката за токсикологија, Бесија Иљази им забрани на вработените да даваат изјавиза медиумите и да закажуваат прес конференции. Вработените можат да дават изјава, но само со нејзина дозвола. Тие кои нема да ја почитуваат наредбата ќе подлежат на санкционирање.
Иљази денеска имаше скандалозно однесување и со медиумите кои беа пред Клиниката за токсикологија. Таа даде изјава само на еден медиум на Албански јазик. Во изјавата му се обраќа на докторот Беќировски посочувајќи дека тој е од времето на „друже Тито“ и дека неговото време поминало. За забраната на вработените да не даваат изјави, било со цел да се зашити имиџот на клиниката. Иљази не одговори зошто не ги почитува наредбите од ДСЗИ.
ЗНМ го осуди обидот за цензура и ограничување на правото на говор од страна на Иљази