„Економист“: Медиумите на Балканот и во Македонија се во лоша состојба

by Фокус

Медиумите низ Балканот и во поранешна Југославија се во лоша ситуација, комерцијално и политички, пишува лондонски „Економист“ во утрешното печатено издание. Дел од текстот е објавен на интернет уште денеска.

Секоја година „Репортери без браници“ рангираат околу 180 држави во врска со слободата на медиумите. Највисоко место во регионот има Словенија, но таа е само на 34-та позиција. Меѓу другите, Србија е на 54-то, Хрватска на 65-то, заедно со Босна, Косово, Албанија и со Црна Гора додека Македонија е скроз долу на 123-то место.

„Во Македонија еден медиум беше затворен по наездата од даночни инспектори за кои се верува дека не ги проверуваат толку детално провладините медиуми“, пишува неделникот и потсетува дека авторите на многу текстови кои не им се допаѓаат на властите се тужени.

Дуња Мијатовиќ за „Економист“ изјавила дека има јасен притисок врз новинарите од повеќе страни. Таа вели дека судскиот процесот против Томислав Кежаровски за откривање на името на заштитен сведок, кој подоцна признал дека лажно сведочел, пратило застрашувачка порака до македонските медиуми.

Поврзани новости