Економист: Избори во Украина во мај 2025 година?!

by Fokus

Изборите во Украина би можеле да се одржат веќе во мај 2025 година, пишува Економист, додека од кабинетот на украинскиот претседател негираат дека се подготвуваат за избори.

Економист наведува дека најраниот датум за одржување на изборите е 25 мај.

Весникот посочува дека некои подготовки за изборите веќе се започнати, дека се мобилизираат регионални изборни штабови и се составуваат листи со кандидати.

Според анкетите, актуелниот украински претседател Володимир Зеленски има мали шанси да го победи поранешниот врховен командант на вооружените сили на Украина Валериј Залужни, во вториот круг.

Залужни сега ја извршува функцијата амбасадор во Велика Британија и допрва треба јасно да ги каже своите политички амбиции, иако многумина го повикуваат да се кандидира.

Изборите во Украина требаше да се одржат во март 2024 година, но гласањето беше одложено на неодредено време поради војната.

– Учеството во предизборната кампања сега би било самоубиство – изјави украинскиот пратеник Јарослав Железњак.

 

Поврзани новости