Еколошкото востание во Србија и утре ќе протестира и блокира

by fokus

Еколошкото востание заедно со повеќе од 40 иницијативи, движења и активисти одлучија да продолжат со протестите и ги повикаа граѓаните да излезат на протести и блокади што ќе се организираат низ Србија во сабота, на 11 декември, во 14 часот.

-Повлекувањето на предаторските закони е добар знак, но тоа е далеку од победа. Сите тајни договори и меморандуми со рудникот за литиум Рио Тинто, потпишани или од поранешната или од сегашната власт, мора да бидат достапни на граѓаните и под итно да се поништат, се вели во соопштението

Посебен акцент е ставен на поддршката на официјалната иницијатива на граѓаните на Лозница потпишана од повеќе од 5.400 граѓани на овој град, со која се бара бришење на рудникот од просторниот план на Лозница, поточно Горње Недељице и отворање на јавните сервиси за експерти и научници кои конечно ќе ја објаснат целата опасност што се подготвува.

Еколошкото востание го повтори апелот до полицијата мирно и законски да ги обезбедува собирите, да не врши никакви репресии и заплашувања, но и да ги поништи незаконските прекршочни пријави на граѓаните.

Според нивните информации, блокади и протести во сабота ќе има во Белград и 30 градови во Србија и пред седиштето на Рио Тинто во Лондон.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ по најавите за нови протетести изјави дека власта ги исполнила сите еколошки барања што ги добила, а дека сите други барања се исклучиво политички.

Вучиќ додаде и дека ги прифатил барањата што ги сметал за политички каприци, како прашањата за таксите и периодот за повторување на референдумот.

Српското собрание го потпиша законот за експропријација, кој е директно поврзан со изградбата на рудник за ископување литиум, но по протестите што се одржаа изминатите недели, Вучиќ не го потпиша законот и го врати назад на повторно разгледување, по што владата го повлече од собраниска процедура.

Поврзани новости