Еколошка катастрофа: Се излеа нафта во Охридското Езеро

by fokus

Во каналот Студенчишта кај Билјанини извори ноќеска се разлеало горивото од бродот „Мис Стон” кој тука е вкотвен со години. Од пловилото се разлеа гориво по целиот канал, а може да се види и на вливот на каналот во Езерото.

Бродот „Мис Стон” во каналот е вкотвен со години. За него долго време никој не се грижеше. Најверојатно поради дотрајаност на пловилото водата навлезе во него и тоа се наведна на една страна и натаму полека тоне.

Каналот Студенчишта се користи за вкотвување на пловни објекти надвор од сезона, бидејќи Охрид нема марина. Многумина предупредуваа дека Билјанини извори може да експлодираат бидејќи токму тука глисерите и јахтите се полнат со гориво од канти од кои истекува нафта во каналот, а тоа може да предизвика на палење на горивото и еколошка катастрофа.

 

 

Поврзани новости