Пo катастрофалните поплави што ја погодија Словенија во последните денови, состојбата се уште е загрижувачка. Водостоите на реките полека се намалуваат, но некои се уште се поплавуваат. Бројни патишта се уште се затворени, а возовите не сообраќаат во поплавените подрачја, јавуваат словенечките медиуми.
Онаму каде што водата се повлече сега постои голема опасност од лизгање на земјиштето, а некои веќе се формирани, особено во Корушка и во Савињската долина. Исто така, Националниот институт за јавно здравје на Словенија испрати предупредување за закана од бактериски инфекции и опасност од мувла.
Словенечкиот премиер Роберт Голоб во саботата изјави дека невремето што ја погоди земјата еден ден претходно е најтешката природна катастрофа во историјата на Словенија, дека погодила две третини од земјата и дека штетата најверојатно ќе надмине 500 милиони евра.
Поплавите однесоа и шест животи. Синоќа во селото Ивања во општина Мирна Печ е пронајден 35-годишен маж кој се удавил во надојдените води на реката Теменица. И маж вчера беше пронајден мртов во шахта во која паднал при санација од поплави.
Во саботата, на брегот на Сава во областа Томачево во Љубљана, на неколку стотини метри од неговата куќа, пронајден е мртов маж. Жена од областа Камник која во петокот беше пронајдена во близина на нејзината куќа загина во поплавите, а двојка од Холандија настрада од гром.
Во моментов на Крањ му се заканува еколошка катастрофа, каде Сава го оштети бетонскиот капак на канализационата цевка прикачена на мостот. Се стравува дека канализацијата, на која се приклучени околу 25.000 луѓе, може да се излее во Сава, што би ја зафатило цела Словенија, но и земјите од долниот тек, меѓу кои е и Хрватска.