Еко-здруженијата на Советот за безбедност бараат забрана за увоз на отпад

by fokus

Забрана за увоз на отпад, преразгледување на сите елаборати за хидроцентрали во заштитени подрачја, полициска поддршка на испекциските контроли за животна средина и контрола на дивоградби, се четирите конкретни барања за решавање на проблемот со аерозагадувањето со кои претставниците на еко-здруженијата ќе се соочат со министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, заменик-министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули и директорот на Државниот инспекторат за животна средина Фејзула Спахија, во рамки на втората седница на Советот за безбедност, што вечерва се одржува во Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски.

Пред почетокот на вториот дел од седницата на Советот за безбедност, претставниците на Здружените граѓански иницијативи и организации рекоа дека ова е последната врата каде влегуваат да разговараат за проблемот со аерозагадувањето и доколку тоа не вроди со плод останува улицата.

Душко Груевски од Коалицијата Еко фронт – Битола истакна дека се тука на соочување, со тие што не лажеа, особено со министерството за животна средина.

– Сметам дека имаме многу да си кажеме, поготово со МЖСПП за сите нивни лажни ветувања во сите изминати години. Така што верувам кога ќе излеземе ако случајно има некаде простор да кажеме што се случи, но во секој случај дојдовме да се соочиме со тие кои не лажеа сите изминати години. Роковите се изминати. Повеќе рокови не даваме, немаме потреба да даваме, бидејќи тие си дозволија да стигнеме до овде. Сега доаѓаме само да им кажеме дека не беа коректни и дека треба конечно да преземат нешто, ако не на улица и ништо друго, рече Душко Груевски.

Според еко активистите, причината зошто е свикано ова на Советот за безбедност за првпат, е што секоја година има над 3.000 жртви од аерозагадувањето.

Поврзани новости