Државна лотарија со задоволство Ви го најавува првото извлекување на BMW X1 кое ќе се случи во сабота, на 8 јануари 2022 година, ден по Божиќ. Во второто коло на Лото 7 во 2022, по електронски пат, ќе го дознаеме името на првиот добитник на BMW X1 кој претходно регистрирал недобитни инстант лозови ЕКО СКУТЕР преку веб-страната www.loto.mk.
Во игра за ова извлекување се сите недобитни инстант лозови ЕКО СКУТЕР регистрирани од 1-во до 10-то коло. Во бонус играта „ГРЕБИ ЗА ЕКОСКУТЕР, ВОЗИ БМВ Х1“ влегуваат во игра две возила и тоа со две извлекувања, по електронски пат ‒ на 8 јануари и на 19 март 2022 година. Важно е и да потсетиме дека за време на празниците, најзабавниот подарок што може да го дадете некому е токму – пакет инстант лозови ЕКО СКУТЕР.
Овој инстант лоз чини 60 денари (доколку го купувате поединечно), но пакет од 6 инстант лоза ќе ве чини 300 денари (5+1), при што добивате и повеќе шанси да освоите, или подарите, една од 365-те премии – електричен тротинет. Не треба да се заборави дека инстант лозот ЕКО СКУТЕР е и најхуман, бидејќи од неговата продажба, покрај редовните 6 % коишто се изделуваат во републичкиот буџет за општестеноодговорни цели, дополнителни 10 % Државна лотарија, во соработка со Црвен крст, посветува на поддршка на најнемоќните лица за борба со КОВИД-19.
Среќните приказни во Државна лотарија се секојдневие. Со нив се потврдува дека игрите на среќа на Државна лотарија може да го променат или барем да го разубават животот, да внесат радост, забава, среќа и финансиска благодат. Затоа сме постојано инспирирани за нови предизвици и изненадувања. Посебно сме среќни што нашата веб-страна ‒ www.loto.mk е сè почеста адреса за забава, уплата на лото и џокер броеви, а од месец октомври е и адреса на две бонус игри. Влезницата за учество во едната игра е токму недобитен инстант лоз ЕКО СКУТЕР ‒ најзабавниот, најхуманиот инстант лоз којшто носи и најмногу изненадувања.
Можноста за учество во бонус играта ЗАВРТИ ЕКОСУТЕР ТРКАЛО трае заклучно со 23.3.2022 година. Во тек на овој период, по еднаш седмично, секоја сабота, во лото емисијата, се извлекува (по електронски пат) по еден од учесниците којшто ќе биде поканет во живо, да го заврти тркало на среќата со можност да освои паричен бонус (50 000, 100 000, или 150 000 ден.). Сите недобитни регистрирани инстант лозови ЕКО СКУТЕР влегуваат во игра за две возила BMW Х1.
Потсетуваме дека со купување на пакет 5 + 1 „Еко скутер“, давате Ваш придонес во општественоодговорни цели и заедничката акција на Црвен крст и Државна лотарија под име „Круг на среќа и солидарност“ наменета за поддршка на најнемоќната категорија граѓани во борба против КОВИД-19.