Eко Логистик Сервис пошта број 1 во нашата држава, покажа анализата од Агенција за пошти

by Fokus

Во петокот на 22 Декември 2023 година во хотел Мериот се оддржа 21-от јавен состанок на Агенцијата за пошти. Според анализите кои објави регулаторот за првиот квартал од 2023 година од сите даватели на поштенски услуги ЕКО Логистик Сервис е пошта број 1 во сите категории од сите даватели на поштенски услуги на слободниот пазар.

Во самата анализа објавена на социјалните мрежи од регулаторот Еко Логистик Сервис е далеку пред останатите даватели на поштенски услуги во категоријата за достава на пратки за коресподенција учества дури со 65,90% од вкупно 13.437.882 пратки.

Untitled design – 1

Во делот на пакети учествува со дури со над 54% од сите доставени пакети за првиот квартал во 2023 година и е дури 39% од второрангираната пошта.

Во делот на бројот на вработени, мрежа на хабови и возила Еко Логистик Сервис е исто прворангиран, пред сите останатидаватели на поштенскиот пазар.

На јавниот состанок присуствуваа сите сопственици на приватните пошти меѓу кои и сопственикот на Еко Логистик Сервис г-инот Игор Гешовски кој имаше јавно обраќање по објавените податоци. Тој истакна дека неколку неправилности во сегашното работење како привилегијата на АД „Пошта на Северна Македонија” – Скопје да биде години наназад ослободена од ддв во делот на поштенските услуги. Останатите даватели на поштенски услуги плаќаат ддв и не се ослободени од оваа давачка.

Гешовски побара што побрзо либерализација на пазарот во делот на универзалната поштенска услуга за да може да се истакне квалитетот на услугите.

Меѓу друготопобара можност и кај приватните даватели на поштенски ислуги по исполнување на условите да добијат меѓународна лиценца за граѓаните на нашата држава да добијат поквалитетна, побрза и посигурна достава.

Поврзани новости