Согледувајќи ги актуелните случувања со Националниот оператор АД Пошта на Северна Македонија, сакаме да дадеме целосна поддршка на синдикатот и не се сомневаме дека заедно со менаџментот на АД Пошта на Северна Македонија ќе изнајдат најдобро решение за двете страни.
Воедно, ЕЛС како најголем приватен поштенски оператор, кој располага со најголеми капацитети и најголем број на возила и канцеларии, подготвени сме да излеземе во пресрет на потребите на јавниот и приватниот сектор, како и на граѓаните за извршување непречена функционалност во доставата на нивните писма и пратки, бидејќи ЕЛС ги поседува сите дозволи и лиценци за вршење поштенска дејност и врши достава до сите населени и рурални места во државата.
Менаџерскиот тим на Еко Логистик Сервис
ПР текст