488
Невладината организација „Еко-герила“ денеска побара Владата и премиерот Зоран Заев да и ги одземат ингеренциите на општина Тетово поради големиот број нерешени проблеми.
-Градоначалничката Теута Арифи во вториот мандат не успеа да одговори на потребите, барањата и законските обврски за да има чиста животна средина и функционален ред. Со оглед дека во предизборната кампања во 2017 Вие и дадовте отворена поддршка, Ве молиме да ги одземете ингеренциите на Општина Тетово за кои не успеа да се справи и да ги управува, изјави Аријанит Џафери од „Еко-герила“.