ЕК: Земјите од ЕУ можат и индивидуално да преговараат за набавка на вакцини

by fokus

Државите од ЕУ можат независно, индивидуално да преговараат за набавка на вакцини што не се вклучени во европската стратегија за имунизација, изјави денеска портпаролот на Европската комисија по повод подготвеноста на Унгарија да ја користи руската вакцина Спутник.

Тој истакна дека Будимпешта ја користи можноста еднострано да ја одобри оваа вакцина итно, но дека вакцината ќе биде достапна само во Унгарија и нема да смее да се дистрибуира во ЕУ сè додека не се издаде дозвола од Европската агенција за лекови.

Според него, производителите од други делови од светот исто така можат да побараат проценка од Европската агенција за лекови со цел да добијат право да ги продаваат своите вакцини во ЕУ.

Портпаролот додаде дека рамковните договори за набавка на вакцини склучени од ЕК се засноваат на дози.

Поврзани новости