ЕК за вакцините: Ако некоја земја одлучи да не го земе својот дел од дозите, тие потоа се дистрибуираат до заинтересираните членки

by Fokus

Земјите-членки на ЕУ сами побараа флексибилност и одлучија да отстапат од правилото вакцината да се дистрибуира според бројот на жители, соопшти денеска Европската комисија, со што ја симна од себе одговорноста за нееднаквата дистрибуција на вакцините.

– Земјите-членки одлучија да отстапат од предлогот на Комисијата, со воведување на флексибилност што овозможува различна распределба на дозите, земајќи ја предвид епидемиолошката состојба и потребите за вакцини во секоја од нив, се вели во соопштението.

Комисијата реагираше со изјава бидејќи системот за дистрибуција на вакцините беше остро критикуван во неколку земји.

– Според овој систем, ако некоја земја одлучи да не го земе својот дел од дозите, тие потоа се дистрибуираат до заинтересираните членки, објаснува Комисијата.

ЕК во соопштението додава дека останува на земјите-членки да се договорат ако сакаат да се вратат во системот за дистрибуција според бројот на население.

Поврзани новости