757
Европската Комисија ги охрабрува сите во Северна Македонија да учествуваат во процесот на попишување на населението и додава дека пописот е дел од процесот за пристапување во ЕУ, јави дописничката на МИА од Брисел.
Во коментар за МИА, портпаролката на Европската Комисија, Ана Писонеро, рече дека во Брисел пости задоволство што пописот е во тек во Северна Македонија.
– Ова е важна вежба. Точни податоци за бројот и карактеристиките на населението се суштински за спроведување на соодветни социјални, демографски и економски политики за добробитта на сите граѓани. Сметаме на сите делови од општество позитивно да придонесат кон операцијата на попишување на инклузивен и конструктивен начин, рече Писонеро за МИА.