ЕК: Во контакт сме со соседите за испорака на вакцини

by fokus

Европската комисија во моментов е во контакт со соседните земји во врска со плановите за дистрибуција на вакцините.

– За ова сериозно се разговара, а прашањето беше иницирано и на денешниот состанок на комесарите кои се занимаваат со одговорот на Ковид-19. Многу контакти се одржуваат со соседните земји, а и поширок во рамките на инструментот Ковакс, изјави портпаролот на Комисијата, Ерик Мамер.

Комисијата додава дека координацијата во врска со испораката на вакцините против Ковид-19 со околните земји не се однесува само на првата тура на вакцината на Фајзер, туку и на оние што ќе следат и кои ќе имаат различни технички предуслови за дистрибуција.

Европската комисија најави дека, ако сè оди според планот, вакцинацијата во земјите-членки на ЕУ ќе почне меѓу 27 и 29 декември.

Поврзани новости