ЕК: Преговорите со Британија дури во март

by Fokus

Преговорите меѓу ЕУ и Велика Британија за идните односи нема да можат да почнат пред крајот на февруари, односно почетокот на март, потврди Европската комисија.

ЕК наведува дека предлог европската директива за преговори околу идните односи меѓу ЕУ и Британија може да биде усвоен дури откако ќе се случи формалниот излез на Обединетото Кралство од Унијата, што се очекува на 31 јануари.

– Тука не станува збор дали ние го забавуваме или забрзуваме процесот, туку се работи за природата на институционалната процедура и консултациите кои мора да се спроведат пред усвојувањето на преговарачката директива, изјави портпаролот на ЕК, Ерик Мамер.

Тој потсети дека по претставувањето на предлог директивата од страна на Комисијата, истата треба да биде разгледана и одобрена во Советот.

Поврзани новости