ЕК: Конфискацијата треба да стане стратешки приоритет против организираниот криминал

by fokus

Во најновиот извештај на Европската комисија  за напредокот на Македонија е забележан напредок во областа на владеење на правото. Како позитивни примери се наведени предметите кои ги покрена поранешното СЈО.

-Генерално, постигнат е одреден напредок, вклучително и преку зајакната судска независност. Законот за јавното обвинителството продолжи да се спроведува доследно, со што се обезбедува одговорност за кривични дела кои произлегуваат и се поврзани со нелегалното прислушување…, се наведува во извештајот.

Во продолжение се споменуваат пресудите по предметите на СЈО.

-Северна Македонија продолжи да бележи напредок во истрагите, гонењето и судењето на случаи на корупција, вклучително и за случаи на корупција на високо ниво. Повеќето случаи на поранешнот СЈО продолжија да се работат во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција. Досега има правосилни пресуди за седум случаи против 17 обвинети, а 11 првостепени пресуди. Судењата се во тек за повеќето преостанати случаи, се додава во извештајот.

 

Исто така се споменува и конфискацијата, која беше извршена во случајот „Плацевите на Водно“, во кој беше осуден екс премиерот Никола Груевски. Сепак од македонските правосудни власти се инсистира на поголема примена на конфискацијата.

-Конфискацијата на криминално стекнатиот имот не е доволно искористена во кривичната постапка. Има само четири случаи на конфискација на имот во 2021 година. Конфискацијата на криминалните средства треба да стане стратешки приоритет во борбата против организираниот криминал, тероризмот и корупцијата на високо ниво земјата, порачуваат од ЕК.

Како случај за кој имало конфискација се издвојува и предметот „Талир 2“.

-Во јуни 2022 година, за случајот „Талир 2“ на поранешното СЈО, Судот првостепено осуди поранешен премиер на шест години затвор и поранешен генерален секретар на владата на две години условна казна за злоупотреба на службената положба овозможувајќи му на правно лице незаконски да изгради штаб на политичка партија. Со пресудата се наредува и конфискација на партиското седиште и друг имот низ државата, во сопственост на политичката партија, се наведува во извештајот.

В.В.

Поврзани новости