ЕК го поздрави изборот на Антикорупциска, но укажа на бројните логистички и финансиски потешкотии со кои се соочува Комисијата

by Fokus

Европската комисија во Извештајот за напредокот на Република Северна Македонија за 2021 година го поздрави изборот на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација и како позитивен аспект го истакна фактот што во составот на Комисијата влегуваат искусни професионалци од граѓанскиот сектор.

Тие исто така потенцираат дека КСЗД има широки овластувања, вклучувајќи го и правото да започнува постапки по сопствена иницијатива.

Сепак, Европската комисија ги истакна и бројните логистички и финансиски потешкотии со кои се соочи Комисијата во првите неколку месеци од нејзиното постоење. Тие препорачуваат овие предизвици да бидат адресирани и решени со цел да се обезбеди целосна функционалност на КСЗД.

Европската комисија препорачува во следната година земјата да ги имплементира сите одредби од Законот за спречување и заштита од дискриминација. Исто така да ги обезбеди потребните ресурси за целосна функционалност на Комисијата.

Во својот прв квартален извештај, КСЗД соопшти дека првите месеци по формирањето ги одбележаа бирократските препреки. Сепак и покрај тоа, Комисијата ги исполни сите свои законски надлежности и започна да постапува по претставките.

Поврзани новости