ЕК го искара Ердоган поради Грција

by Fokus

Портпаролот на Европската комисија, Петер Стано, ја повика Турција да се воздржи од реторика на ескалација кон соседна Грција, јави дописничката на МИА од Брисел.

Тој одговарајќи на новинарско прашање, по изјавите на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган дека Грција „ќе плати висока цена„ ако се приближи до турската морска граница, портпаролот за надворешна политика, Петер Стано, ја осуди Анкара.

– Овие непријателски изјави се извор на многу сериозна загриженост, ставот на ЕУ останува многу јасен, очекуваме Турција да се воздржи од реторика на ескалација и да се посвети на добрососедски односи, рече Стано.

Поврзани новости