Ејупи земала хонорар и од „Железници – инфраструктура“

by Fokus

Водителката Бесмира Ејупи добивала хонорари од уште една институција. Според информациите на Алсат ТВ, Ејупи од 11 мај 2021 година до 16 август 2022 од Владата била поставена и во Надзорниот одбор на Јавното претпријатие „Железници – инфраструктура“.

Таа како член на Надзорниот одбор на ова ЈП со задоцнување го доставила анкетниот лист до Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) и за тоа платила и парична казна, по што доставила комплетен анкетен лист.

Поврзани новости