913
Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева се појави на распит во Обвинителството за организиран криминал и корупција и тоа во присуство на адвокат, иако засега има статус на сведок во истрагата за случајот „Рекет“.
Јанева до обвинителството ја донесе возач, а пред вратат ја чекаше адвокатот Стеван Павлески, кој е и поранешен јавен обвинител.
Значајно е што Павлески е адвокат и на бизнисменот Цветан Панделески кој заедно со Орце Камчев е осомничен во случајот „Империја“’. И Панделевски, исто како и Камчев доби времен пасош, со потпис на Јанева, а без согласност на обвинителката Лиле Стефанова.
Валентина Вурмо