Изгореници кај еден станар од пожарот во Тетово, а уште 11 соседи побарале лекарска помош

by fokus

Во пожарот кој денеска избувна во зграда во Тетово со изгореници се здобило 24-годишно момче, а уште 11 станари побарале лекарска помош поради вдишување на чад.

Според СВР Тетово, во пожарот се повредил сопственикот на станот, 24 годишниот А.С.

 

– Во пожарот, А.С.(24) кој сам живеел во станот задобил изгореници, додека 11 други лица од зградата почувствувале проблеми од чадот и сите се пренесени во тетовската клиничка болница за укажување на лекарска помош. Во тек е увид што го води јавен обвинител, а во кој учествува и екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово – велат од СВР Тетово.

Според првичните информации причина за пожарот е експолозија на плинска боца.

Фотографија: архива

Поврзани новости