Автомобилот вообичаено го скратува патувањето од точка А до точка Б, а движењето со сопствено возило е удобно бидејќи може да застанеме каде што ќе посакаме.
Сепак, да замислиме свет без автомобили – воздухот би бил почист, улиците потивки, а тоа заедно со повеќе пешачење и повеќе велосипеди би значело и поздрав живот. Има седум места каде што луѓето го прават токму тоа, бидејќи возењето е забрането.
Цивита ди Бањорегио, Италија
Во ова село нема автомобили, но можеби уште позанимлив е фактот дека единствениот излез или влез во него е преку пешачки мост. Ова живописно село на врвот на рид во Средна Италија, со поглед на огромен кањон – изгледа навистина фасцинантно.
Халибут Коув, САД
Изолираното село Халибут Коув на Аљаска има само околу 90 постојани жители, што само му дава шарм на ова прекрасно место без автомобили. Исто така, во него има и уникатна пловечка американска пошта.
Ламу, Кенија
На градот Ламу на истоимениот остров во Кенија, наместо автомобили ќе Ве пречекаат магариња. А, откако ќе стапнете на островот, ќе разберете зошто – патиштата, односно тесните и кривулести патеки го прават движењето со автомобил – невозможно.
Гиторн, Холандија
Ова село е исполнето со пешачки и велосипедски патеки, како и водни патеки. Всушност, најпопуларниот начин за посетителите да ги видат градските куќи стари со векови е – со пловење.
Цермат, Швајцарија
Се работи за доста позната дестинација за патување, но овој планински град на швајцарските Алпи сѐ уште сериозно ја сфаќа својата политика „без автомобили“. Оние кои сакаат да останат во подножјето на Матерхорн – познато по скијањето, планинарење и искачување, ќе мора да патуваат со воз, хеликоптер или такси (тоа се единствените автомобили на кои им е дозволено да го користат патот до Цермат), коешто може да Ве однесе до хотелот.
Хидра, Грција
Недалеку од Атина се наоѓа островот Хидра. Тука скоро и да не се наоѓа автомобил, па дури ни велосипед… Наместо тоа, посетителите патуваат пеш или со брод до природните извори на Хидра и затскриените плажи.
Сиес, Галиција…
Островот Сиес, Шпанија
Замислете недопрена плажа без „наезда“ од туристи. Е па, тоа е реалноста на овој остров на брегот на Галиција. Таму се оди само со брод, нема хотели и дозволени се само 1.800 посетители на ден (плус 600 кампери) на островот.