Египетски новинар е ослободен после 4 години минати во затвор

by Фокус

Египетскиот новинар и дописник на катарската медиумската мрежа „Ал Џазира“, Махмуд Хусеин, денеска е ослободен од египетски затвор каде мина повеќе од четири години без никакво обвинение.

Мустафа Суаг, извршен директор на медиумската мрежа „Ал Џезира“, неговото ослободување го нарече „момент на вистината и инспиративна пресвртница кон слободата на медиумите“.

Од „Ал Џезира“ порачаа дека ниту еден новинар не смее да биде изложен на страдањата што тој ги претрпе во изминатите четири години само затоа што ја извршувал својата работа.

-Денеска сме среќни затоа што тој конечно се врати кај своето семејство, откако му беа украдени четири години од животот и му беа одземени основните права – рече Суаг.

Поврзани новости