Египет со остро предупредување: „Тоа е црвена линија еднаква со објава на војна“

by Fokus

Египетскиот премиер Мустафа Мадбули ги отфрли плановите за преселување на раселените Палестинци од Појасот Газа на египетскиот полуостров Синај, јавува Би-Би-Си.

За време на посетата на Синај, тој порача дека ниту еден регионален конфликт не треба да се решава на сметка на Египет. Претходно, планот го отфрли и портпаролот на палестинскиот претседател Набил Абу Руденех, кој рече дека палестинската управа е против преселба на кое било место.

„Сметаме дека тоа е црвена линија што нема да дозволиме да се помине“, рече тој, додавајќи дека масовното преселување ќе биде еднакво на „објавување нова војна“.

Израелското Министерство за разузнавање подготви предлог за време на војна за преселување на 2,3 милиони жители на Појасот Газа на египетскиот полуостров Синај, но канцеларијата на премиерот Бенјамин Нетанјаху го отфрли планот, нарекувајќи го „хипотетичка вежба“ и додаде дека тоа е само концепт на хартија.

Бидејќи сите израелски премини кон Газа се затворени, цивилите потенцијално можат да го напуштат Појасот Газа само преку граничниот премин Рафах, кој е контролиран од Египет.

Поврзани новости