Египетските власти го убедија Хамас да не го прекинува учеството во преговорите за заложници во замена за примирје, откако Израел изврши нов напад врз болницата Ал-Шифа во Газа, објавија катарските медиуми.
Неименуван египетски извор кој знаел за ова, изјавил за катарскиот Ал-Араби Ал-Џадид дека официјални лица интервенирале во понеделникот наутро за да обезбедат континуирано учество на палестинската организација, пишува The Times of Israel.
Изворот додаде дека разговорите најверојатно нема да резултираат со траен прекин на огнот, бидејќи Израел отфрли постојан прекин на огнот и инсистира дека ќе продолжи со целта за уништување на Хамас, дури и откако ќе се постигне каков било договор.
„И покрај големиот интерес на медијаторите тековната рунда преговори да биде успешна, нивните амбиции не се ограничени само на постигнување трајно примирје во Појасот Газа“, рече извор од Катар.
Израелската армија ја зазеде болницата Ал-Шифа во понеделникот и тие тврдат дека заробиле околу 80 наводни членови на Хамас, а неколку наводни членови на групата биле повредени и ранети во борбите.
Министерството за здравство на Газа соопшти дека во рацијата, која започна рано во понеделникот, има мртви и повредени, а на влезот на комплексот избувнал пожар.
Се наведува дека израелски возила се наоѓаат во дворот на болницата и дека израелските сили лансирале проектили и отвориле оган врз зградата на болничкиот комплекс Ал-Шифа, пренесува Ал Џезира.