Ефтов им ги менува договорите од неопределено време на три месеци на вработените во Алфа

by fokus

Новиот директор на Алфа, Васко Ефтов им дава рок на сите вработени кои имаат договори на неопределено време во телевизијата до 15-ти месецов да потпишат нови договори кои се со определено време на три месеци.

Ефтов оваа одлука ја правда со „максимална искористеност на капацитетите, како и подобрување на работниот процес и медиумски услуги во телевизијата“.

Инаку тој стана генерален директор на ТВ Алфа и дојде на местото на долгогодишниот директор Љубомир Николовски пред неполн месец, откако веќе втора сезона неговата емисија „Во центар“ се емитува на програмата на оваа телевизија.

 

 

Поврзани новости