Ескобар: Македонија е пример во регионот

by Фокус

Заменик-помошникот државен секретар на САД и специјален претставник за Западен Балкан, Габриел Ескобар повторно порача дека би сакал да види „повеќе Европа кон Западен Балкан.

Тој побара поголемо учество на земјите од Западен Балкан во европските структури.

-Дефинитивно ни треба повеќе Европа и повеќе САД во регионот. Многу сум оптимистичен за пристапните преговори на Северна Македонија, ако погледнете како земјата се справи со кандидатурата. Таа е пример во регионот  – вели Ескобар.

Тој додава дека С. Македонија сторила се за да се отвори првата врата од пристапните преговори со Унијата.

-Верувам дека оваа Влада има волја, дека луѓето во Северна Македонија имаат капацитет да го сторат тоа што е потребно да станат полноправна членка на ЕУ – порача Ескобар.

Поврзани новости