494
Градоначалникот на Гостивар, Арбер Таравари го посети селото Ласкарци каде се случи тешката сообраќајна несреќа во која загинаа 15 лица, а 38 беа повредени. Таравари побара од истражните органи да ги откријат причините за сообраќајката, а на жителите на селото им вети помош од општината.
-Луѓето кои во трагичната ноќ на 13 февруари, кога починаа 15 гостиварчани, се покажаа најголемите херои. Тие се тие кои ги спасија. Дојдов да им се заблагодарам. Ни одржаа лекција на хуманост и солидарност – рече Таравари.
Тој најави и можност за изградба на спомен обележје или пак улица во селото.