Кољо пред да влезе во прес салата на 27 април се поздравува со обезбедувањето на Вељаноски, Ѓошевски

by fokus

Видео снимка од камерата која го снимала холот пред влезот на прес салата во Собранието во моментот се презентираат во Кривичниот суд на рочиштето за “27 април”. Токму во оваа сала се случи насилството врз пратениците и новинарите.

Од снимката може да се види кој се влегол во прес салата, меѓу кои се и голем дел од обвинетите. Обвинетиот Никола Митровски Кољо непосредно пред д влезе во прес салата ја става фантомката на глава, а претходно се поздравува со собранискиот обезбедувач Горан Ѓошевски. Игор Југ пак влегува без маска на лицето.

Во тој правец се упатуваат и обвинетите Горанче Ангеловски, Стефан Младеновски, Дејан Давидовски, Митре Питроповски.

По нив влегува поголема група на луѓе, а како што посочи обвинителката, меѓу првите се пробива обвинетиот Вилијам Михајловски кои на останатите со рака им покажува каде да се движат. Дел од оваа толпа е и обвинетиот Мунир Пепиќ, кој пред да влезе во прес салата го рагледува теренот и отвара три врати и проверува што има таму.

Каде да се движат луѓето од толпата со рака им покажува и собранискиот обезбедувач Ѓошевски.

 

Поврзани новости