По повод одбележувањето на првата деценија од банкарското работење во Р. Македонија, Шпаркасе Банка одржа две едукативни трибини, во исто време, на две различни локации. Во просториите на „Јавна соба“ се одржа едукативна трибина на тема „Улогата на малите бизниси и поддршка од банките за нивниот развој“, додека на трибината во гимназијата „НОВА“ се зборуваше за „Улогата на финансиските институции во развојот на претприемништвото и пристапот до фондовите“. Говорници и на двете теми беа реномирани претставници од Штаермаркише Шпаркасе Групацијата и од домашната финансиска фела.
На настанот во „Јавна соба“ свое поздравно обраќање имаше г. Саша Боко, член на Управниот одбор на Шпаркасе Банка Македонија, додека на панел-дискусијата на темата зедоа учество и г. Сава Далбоков, член на Управниот одбор на Штаермаркише Шпаркасе и претседател на Надзорниот одбор на Шпаркасе Банка Македонија, како и г. Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Р. Македонија. Г-ѓа Марија Матовска, национален координатор на Наградата за социјално претприемништво, говореше на темата „Улогата на банките во развојот на социјалното претприемништво“.
Во исто време, во просториите на гимназијата „НОВА“ едукативната трибина со свое обраќање ја отвори г. Иван Новаковски, менаџер на меѓународното училиште „НОВА“, а панелисти во едукативната дискусија на темата беа и д-р Георг Бухер, член на Управниот одбор на Штаермаркише Шпаркасе Банка, и г-ѓа Дијана Десподов, извршен директор на Американската стопанска комора на Македонија. Трибините претставуваа одлична можност за споделување важни препораки и насоки за унапредување на развојот на малите бизниси како една од алтернативите за поголем економски развој и секако за охрабрување на младите претприемачи да преземат иницијатива и со поддршка на банките како Шпаркасе Банка да ги реализираат своите бизнис-идеи и да изградат успешни приказни во Македонија.
Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје е дел од Ерсте и Шпаркасе Групацијата, која се состои од 49 штедни банки и која бележи речиси 2 века постоење на финансискиот пазар во Република Австрија. Воедно, таа е една од најсилните банкарски групации во Европа, која со својата долгорочна стратешка ориентација кон регионот на Западен Балкан придонесува и Шпаркасе Банка Македонија да претставува доверлив партнер за своите клиенти. Заедно со банките ќерки во Австрија, Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, Словенија и во Црна Гора, таа е дел од најсеопфатните банкарски мрежи во регионот – Штаермеркише Шпаркасе, која со својата билансна сума од 15 милијарди евра, 2.751 вработен и 233 експозитури и регионални центри опслужува околу 702.414 клиенти во овие земји од регионот на Југоисточна Европа